Бахреин, Возач на денот: Серхио Перез

Серхио Перез од Ред Бул беше избран за Возач на денот од страна на фановите на трката за Голема награда на Бахреин.

Како повторување од минатата година, Перез повторно стартуваше последен, откако при формацискиот круг неговиот болид изгасна, по што мораше да стартува од боксовите.

И како и минатата година во Бахреин, Перез повторно ја покажа својата умешност и со одлична трка, блиски дуели и агресивно возење успеа да се пласира на 5то место во својата прва трка со Ред Бул.

За време на првото безбедносно возило веќе беше 14ти, промени гуми во вториот круг, а следните две промени ги направи во 20от и 39от круг. Претекнуваше и возеше агресивно, а на 10-тина кругови пред крајот го мина и Шарл Леклер за то место.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ