Бахреин: Хамилтон го издржа притисокот и победи

Луис Хамилтон стигна до нова победа во својата Формула 1 кариера овој пат целосно заслужено преку борба на патеката против Макс Верстапен во последните 15-тина кругови од трката која беше навистина многу интересна.

Бахреинското Гранд При почна со доополнителен круг за загревање откако Серхио Перез се паркираше во последниот сектор од патеката при кругот за загревање откако неговиот Ред Бул болид застана неподвижно на патеката. Контролата на трката реши да има дополнителен загревачки круг. Во меѓувреме Чеко успеа да го запали својот болид и да се намести во боксот за старт од истиот.

Стартот беше одличен и возбудлив, Шарл Леклер нападна и го превзеде 3то место на Валтери Ботас, но Никита Мазепин го покажа своето неискуство и недопрен од никого се изврте носејќи безбедносно возило на патеката во тој прв круг од трката. Во тој момент, Фетел се искачи дури на 14то место откако стартуваше како последен, а Саинз “падна“ две позиции.

Трката продолжи во 4от круг, но тогаш Мик Шумахер го замени својот колега и непречен од никого самиот се изврте, но беше последен и самиот се врати на патеката без никаква штета. При рестартот, Пјер Гасли имаше контакт со болид на Мекларен, го загуби предното крило, а за отстранување на деловите од патеката мораше на сила да стапи виртуелното безбедносно возило за да се забави гридот.

При рестартот, проблеми со задниот диференцијал пријави лидерот Верстапен, но ништо сериозно со оглед на тоа што круг подоцна возеше најбрза обиколка.

На Ботас му требаа само 6 кругови да си го врати своето 3то место од Леклер, а три кругови подоцна Шарл и Ферари загубија позиција и од Ландо Норис.

Фернандо Алонсо прв влезе во бокс по нови гуми уште во 12от круг, а три кругови подоцна променија гуми и Ландо Норис и Шарл Леклер кои почнаа на софт, а добија медиум. Хамилтон доби хард гуми круг подоцна, во исто време кога Рикардо доби медиум. Карлос Саинз направи промена во 16от круг, круг пред Ботас, а два пред Верстапен кој поради долгото задржување на патеката го загуби лидерското место.

Серхио Перез, кој патем се здоби со признанието возач на денот, по втор пат промени гуми во 20от круг, повторно медиум.

Карлос Саинз имаше одличен маневар во 21от круг кога во еден обид ги мина Фернандо Алонсо и Себастијан Фетел и го зазеде 8то место, а круг подоцна истиот маневар за 9то место го направи и Чеко Перез.

Четири кругови подоцна Перез го мина Саинз и му го превзеде 8то место,а во 27от круг го мина и Ленс Строл за 7мо место.

Второто влегување во бокс на Хамилтон беше во 28от круг и повторно доби хард гуми, а три кругови подоцна истото го стори и Ботас, но кај финецот заглавија со предното десно тркало и тој загуби две позиции откако се задржа 10,9 секунди во гаражата.

Леклер и Рикардо повторно заедно менуваа во 33от круг, двајцата добија хард, но возачот на Ферари повторно си ја задржа позицијата откако механичарите одлично одработија.

Фернандо Алонсо својата прва трка по враќањето на гридот ја заврши во 34от круг поради проблеми со сопирачките додека сите кругови дотогаш се бореше херојски и беше во поени.

Третото менување на Перез беше во 39от круг, а круг по него во бокс по нови гуми влезе и Макс Верстапен кој изезе на второ место со 8,6 секунди заостаток зад Хамилтон и Мерцедес.

Во 45от круг Естебан Окон од Алпин и Себастијан Фетел од Астон Мартин имаа дуел кој остана да се разгледува по крајот на трката.

По излезот од боксот Верстапен имаше 15-тина кругови да го стигне Хамилтон и тоа го направи во 53от круг, но претекнувањето беше со целосно излегување надвор од патеката. Ред Бул беа предупредени дека може да добијат казна и го пропуштија Хамилтон враќајќи му ја позицијата, која до крајот на трката на успејаа да си ја повратат.

Валтери Ботас доби нови гуми во 55от круг и го постави најбрзото време на трката добивајќи поен за тоа.

Хамилтон, Верстапен и Ботас на подиум, Ландо Норис на 4то место со моќен почеток на сезоната, слично како и лани, додека Серхио Перез заврши на 5то место. Ферари со Леклер беа 6ти пред Даниел Рикардо и Карлос Саинз. 1 поен освои Ленс Строл од Астон Мартин, а 2 поена отидоа кај феноменалниот јапонец Јуки Тсунода. Алфа Ромео немаа среќа и завршија на 11то и 12то место.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ