БВТ ќе биде нов главен спонзор на трките во Австрија

Австриската компанија за третман на вода, БВТ, ќе биде главен спонзор на двете претсојни трки кои ќе се одржуваат на Ред Бул Ринг во Штаерска.

БВТ долги години беше главен спонзор на Форс Индија и Рејсинг Поинт, се до лани кога екипата беше ребрендирана во Астон Мартин. Сепак, годинава ќе го прошири своето Формула 1 присуство со брендирање на Големата награда на Австрија и Штаерското Гранд При.

воодушевени сме што можеме да објавиме дека бвт ќе биде нш глаен спонзор за двојниот тркачки викенд во австрија и на тој начин ќе го прошират ионака своето големо присуство во спортот.

патеката ќе биде жива со фановите кои ќе се вратат на неа, а розевата боја на бвт ќе донесе свежина и светлина во враќањето на формула 1 во свстрија.

агендите на бвт и формула 1 кон одржливоста се целосно во согласност на елиинирања на користење на пластична амбалажа и задоволни сме што ќе ги обединиме силните и искуството за да ги нападнеме тие проблеми кои се важни во општеството и да промовираме возбуда на патеката – велат од формула 1.

На почетокот на сезонава, БВТ објавија дека Себастијан Фетел ќе биде нивни нов амбасадор, а кацигата на возачот на Астон Мартин е во доминантно розева боја со пораката “Промени го светот, капка по капка“.

чест е за бвт да биде дел од формула 1 проектите за одржливост и иницијативи согласно тоа. ние ќе бидме главни спонзори на двете трки во встрија.

со нашиот посебен потенцијал и патентирани технологии за третман на водата можеме да помогнеме да се промени светот, капка по капка.

пластичниот отпад, штетните шишиња и нивниот транспорт како и соодветната цо2 емисија мора драстично да бидат намалени.

со зоните без пластични шишиња на бвт, сфаќаме дека концептот мора да биде одработен заедно со формула 1 заедницата. здружувањето на силите и зголемување на свесноста како и борбата за одржливост ги става бвт и ф1 едно до друго – елат од компанијата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ