Бен Сулајем во одбрана на Кадилак и Андрети

Претседателот на ФИА, Мохамед Бен Сулајем, откри дека потенцијалните екипи кои чекаат влез на спортот, како партнерството на Андрети и Кадилак, треба да бидат поздравени и охрабрени наместо критикувани.

Андрети во Четврток објави дека ќе се обиде да стане дел од гридот во партнерство со Џенерал Моторс и нивниот бренд Кадилак. Тоа е последен од низата обиди на Мајкл да стане дел од гридот по неуспешниот лански обид да го превземе Заубер.

Андрети и Кадилак го објавија партнерството само неколу денови откако Бен Сулајем откри дека дал насоки на соодветниот орган во ФИА д асе испита интересот за потенцијални нови екипи на гридот.

Саудиецот ја поздрави иницијативата на американците иако Формула 1 не беше многу задоволна од промоцијата посочувајќи дека прво треба да се добие дозвола од нив пред да се стапне на гридот. Никоја од 10те екипи не го искоментира последниот обид на Андрети да влезе во Формула 1, а тешко е дека ќе има нова екипа до 2026 година и новите правила за моторите.

Бен Сулајем имаше изјава викендов преку социјалните мреджи и изјави дека е негативно изненаден од лошите коментари по последната инцијатива на Андрети.

фиа прифати интерес од помали и успешни органиации во последните години. треба да ги охрабрните заинтересираните глобални производители како џенерал мотор и жестоки тркачки како андрети. интерес од тимовите во раст на пазарот носи разноликост и допадливост на формула 1 – напиша шефот на федерацијата.

Последната нова екипа на гридот беше американски Хаас кои влегоа во спортот во 2016 година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ