Бен Сулајем до Ф1: Да не заборавиме дека само ги изнајмувате правата од нас

Претседателот на ФИА, саудиецот Мохамед Бен Сулајем, посочи дека не треба да се заборави оти Федерацијата има клучен збор во однос на тоа кој ќе ги контролира комерцијалните права.

Викендов Либерти Медиа го нападнаа Претседателот откако тој посочи дека треба да се биде внимателен со надовната понуда од 20 милијарди евра за купување на спортот од страна на саудискиот државен фонд ПИФ затоа што тоа може да донесе идно покачување на трошоците во тркачката серија.

Адвокатите на Ф1 веднаш реагираа дека таквата изјава на шефот на ФИА е неприфатлива затоа што тие ги имаат ексклузивните права да ги користат комерцијалните сегменти од спортот. Дури се заканија и дека ќе го тужат Бен Сулајем, но тој не е исплашен и врати:

шампионатот, тркачката серија е наша и да не заборавиме дека ние само ги изјануваме комерцијалните права – посочи мохамед за германски Auto Motor und Sport.

Пред повеќе од 20 години беше догоорено 100-годишно изнајмување на комерцијалните права помеѓу ФИА од една страна и Берни Еклстон од друга за смешни и за денешни услови бедни 300 милиони долари.

во моментов има само непотрвдени шпекулации за евентуално продавање на тркачката серија, но фиа мора да има право на глас и секако да понуди совет.

Договорот за изнајмување на комерцијалните права има клаузула во која се вели дека ФИА има праов на вето при продажба на правата на трета страна.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ