Бергер објасни како се подобрил Шумахер

Поранешниот Формула 1 возач, Герхард Бергер, даде свое мислење за подобрените перформанси на Мик Шумахер на последните трки.

Оваа сезона се доведе во прашање иднината на Шумахер во спортот поради лошите трки кои ги имаше во првиот дел од сезоната. Но, на последните трки неговата форма се подобри и тој дојде до своите први поени. 

Мислам дека имаше доста добри и лоши страни, но на крајот се избалансираа работите. Тој мораше да испорача и се најде под голем притисок. Притисокот доаѓаше прво од шефот на тимот, па натака останатите, Но имаше добри две трки – потсетува австриецот.

Шумахер ја вози втората сезона во Формула 1 и сега има подобрен болид со доста подобри перформанси. Бергер смета дека младиот германец мора да продолжи да завршува трки пред Магнусен за да го задржи местото на гридот. 

Јасно е дека мора да е побрз од Магнусен. Доколку си млад возач и си една од новите ѕвезди, мора да се избориш со својот колега и да го победиш. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ