Бергер: Хамилтон е исклучителен, но Сена е врв

Поранешниот Формула 1 возач и сегашен шеф на ДТМ серијата, австриецот Герхард Бергер. с,ета дека Луис Хамилтон стигнал до неверојатно постигнување со изедначување на рекордот на Михаел Шумахер од 91 победа во кариерата, но и покрај се, тој смета дека Аиртон Сена е најдобар на сите времиња.

За Бергер, Шуми и Луис се гиганти во историјата на спортот и модерните времиња во Формула 1, иако тој преферира рекордот од 91 победа да биде ексклузивно сосптвеност на Црвениот барон.

сакав михаел да остане најуспешен возач во гранд при историјата долго време само поради неговата судбина која е многу тажна при секоја помисла на неа – изјави бергер,

Но, постигнувањата на Луис се целосно принзати и поздравени со восхит од Герхард, кој е поранешен пилот на Ферари.

неверојатно е тоа што хамилтон го постигна, тој е ислкучителен возач и се покажал и докажал многу пати заслужувајќи се што постигнал.

ова е борба помеѓу два гиганти, а дебатата за кој е подобар ќе трае со години. мислам дека ако двајцата се на гридот со идентичен болид нема да можеме да кажеме кој од нив двајца е подобар. тие се џинови во спортот и ќе оставиме така да биде затоа што самите го оформија спортот на многу начини.

По Бергер, Шуми и Луис се на слично ниво, по сепак, тој го рангира Сена над сите.

за мене аирто е најголем во историјата, почина рано, но до тогаш ги имаше сите рекорди од тоа време. седеше во болид кој по неговата смрт не победуваше, така што немаше доминантна машина. мислам дека аиртон ќе освојуваше уште титули и не знам каде ќе му беше крајот

сум ги гледал тројцата од блиску, некој од нив во директна борба и сметам дека аиртон е најголемиот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ