Берни не знаел дека повеќе не е Почесен претседател

Берни Еклстон откри дека минатата недела дознал дека неговата титула Почесен претседател на Формула 1 му истекла во Јануари оваа година.

Продажбата на Формула 1 на Либерти Медиа беше завршена во Јануари 2017 година, а потоа Берни доби почесна улога, но истата имала рок на траење од три години, по што веќе истекла сезонава.

Во свој одговор на коментарите на Еклстон воврска со расизмот и изјавата дека “понекогаш црнците се поголеми расисти од белците“, спортот објасни дека Берни повеќе официјално не е поврзан со спортот.

јас не знаев ништо за тоа. тоа што се случи е дека откако ја купија компанијата, јасно е дека ги купија и моите акции, а чејс кери побара да ме види. беше побарано од мене да се повлечам, а тие веќе ја имаа подготвено мојата оставка која требаше да ја потпишам.

не можеа да ме отпуштат затоа што имам тригодишен договор потпишан претходната година и тој договор тогаш беше сеуште валиден. ми рекоа дека сакаат да ми дадат почесна позиција што во америка било многу важно и ме направија почесен претседател.

не знам како таа улога и титула има рок од само три години, тоа беше периодот во кој мојот договор за раководење со формула 1, а фер е и да кажам дека ме исплатија по договорот – објасни господин е.

Од Формула 1 најавија дека на поранешниот прв човек на спортот не му е меесто во падокот, а самиот тој врати дека сеуште има пријатели на високи раководни позиции.

најголем дел од промотерите би се радувале да ме имаат во падокот затоа што сме пријатели. можев да одам во австрија затоа што сопственикот на ред бул, дитрих матешич ми кажа дека ќе организира се за мене, но ќе му се јавам да му откажам.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ