Берни си најде нова работа, Советник во Меѓународната скијачка федерација

Берни Еклстон повторно најде работа во врвен спорт, откако поранешниот прв човек на Формула 1 не можел да ја одбие понудата да биде Советник во Меѓународната скијачка федерација (ФИС).

Под раководство на Берни, Формула 1 експресно се разви во глобален спортски бренд, а самиот тој е познат како жесток преговарач, но и човек кој знае како да ги решава работите. Еклстон ја направи тркачката серија еден од најбогатите спортови на светот, а екипите и возачите се задоволни од тоа. Тој е човекот што Формула 1 е тоа што е.

Британецот ќе полни 91 година утре и наместо да ужива во повеќе од заслужената пензија, тој, според австриски Kronen Zeitung, ја прифатил понудата на Јохан Елиач, Претседателот на ФИС, да биде негов советник.

берни направи чудо со формула 1 и само благодарение на неговата работа тркачката серија сега е глобален супер спорт – полн со пофалби за својот нов соработник е елиач.

Сепак, тој е свесен дека скијачите, со оглед на ризикот кој го превземаат, треба да добиваат повеќе пари и поради тоа создаде работна група за решавање на тоа прашање, а секако дека Берни е средиштето на таа група.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ