Бизарната приказна на Њуи за влезот во Ф1

Адриан Њуи ја кажа неговата приказна како ги искористил парите од баба му да си купи мотор за да влезе во Формула 1. 

Њуи одигра голема улога за успехот на Ред Бул освојувајќи шест титули со тимот, но ништо немало да биде исто доколку не донесел одлука што да прави со парите од баба му за нов мотор. 

Им напишав на неколку тимови барајќи работа. Секако тие примаа луѓе со искуство. Се појави Харви Постлетвеити кој работеше за мал тим Фитипалди и ме повика на интервју. Во тоа време го имав моторот. Баба ми почина и ми остави пари со кои купив Дукати иако моите родители не го оправдуваа тоа. Извозев од Саутемптон до Ридинг каде беше Фитипалди и Харви ме пречека. Тој беше изненаден од мојот мотор Дукати 900 СС и побара да го проба. Откако се врати веднаш ме праша кога можам да почнам. Тоа е единственото интерју во мојот живот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ