Биното најави: Продолжување на сезоната во 2021 е добра опција

Во Формула 1 сериозно се разислува на дводневни тркачки викенди за оваа сезона како и нејзина пролонгација во следната година, откри шефот на Ферари, Матиа Биното. Првите осум трки се одложени поради пандемијата на корона вирус, а од Монако дефинитивно се откажаа од можноста да организираат трка подоцна во текот на годината.

Чејс Кери сеуште се надева на календар од 15-18 трки, почеток на сезоната летово и згуснат распоред со дводневна програма, а Биното открива како може сето тоа да изгледа.

екипите и дадоа целосна слобода на фиа и на либерти медиа да го креираат календарот нешто што вообичаено не е случајот, но мораме да сфатиме дека сега тоа е неопходно.

тоа значи дека можеме да очекуваме неколку промени, на пример, тркачките викенди да се скратат на два денови за да се организираат повеќе трки по ред, а дополнително сезоната да се пролонгира до првите месеци од следната година. сепак, ништо не е решено и најпрво мора ситуацијата да се стави под контрола – изјави швајцарскиот инженер за Sky Sport Italia.

Овогодишните болиди веќе е потврдено дека ќе се користат и следната година, а правилата ќе останат непроменето што значи дека ќе биде изводливо да се вози и на почетокот од зимата во потоплите краишта. Сепак, прашање е колку трки ќе може да се вметнат во тој период. Секако дека тимовите ќе сакаат да се тркаат колку што може повеќе затоа што секоја загубена трка чини минус во нивните буџети.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ