Биното: Прерано е за Мик Шумахер

Матиа Биното, првиот човек на Скудерија Ферари, смета дека возачко место за Мик Шумахер во 2021 година е прерано.

Иако младиот германец веќе има тестирано овогодишен болид на Ферари сезонава, тој се тркаше во Формула 2 тркачката серија каде еднаш победи и тоа на Хунгароринг и првенството го заврши на 12то место.

Тој и следната година ќе се трка во јуниорската класа, а во свите изјави се надеваше на место во врвната моторспорт тркачка серија од 2019 година.

мислам дека сеуште е прерано да се каже дали мик би бил добар кандидат за место во ферари. за 2021 година ќе биде многу важно да имаме возачи со големо искуство затоа што болидите ќе бидат целосно нови. сепак, убеден сум дека е достоен кандидат за формула 1 – појасни биното.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ