Биното се извини што го нарекол Тсунода – Цунами

Тимскиот шеф на Ферари, Матиа Биното, се извини за својот коментар во кој што го нарече Јуки Тсунода дека е како Цунами.

Во пресрет на контроверзното откажување на Тсунода на Холандското Гранд При, каде што накратко застана на патеката, се врати во боксот и потоа повторно излезе пред да се повлече за крај, Биното даде неколку забелешки за младиот јапонски возач. Во интервју за Gazzetta dello Sport, Биното го нарече Тсунода како Цунами поради начинот на кој тој секогаш се вклучува во инциденти.

Но изборот на зборови на Биното не помина добро во Јапонија, со сеќавањата на разорното Цунами во 2011 година, во кое загинаа речиси 16.000 луѓе и остави голем дел од земјата уништен. Говорејќи на Италијанското Гранд Про и откако беше информиран за вознемиреноста што ја предизвикаа неговите забелешки, Биното не се двоумеше да се извини.

Секако, треба да се извинам. Беше погрешно користењето на тој збор. Немав намера да направам ништо лошо и многу сочувствувам со жртвите, поради што искрено и го сфатив мојот коментар.

Мислам дека Тсунода е фантастичен возач, тој е одличен човек И ние имаме добри односи.

Повлекувањето на Тсунода од Холандското Гранд При предизвика контроверзии, со тоа што поттикна теории на заговор на социјалните мрежи дека тој намерно застанал на патеката за да му помогне на Макс Верстапен од Ред Бул да победи на трката. Таквите пишувања беа демантирани од Тсунода и неговиот тим, а тимскиот шеф Франц Тост објасни што навистина се случило.

Јуки влезе во 43от круг за второ застанување. Ги ставивме тврдите гуми и кога го напушти боксот, веднаш рече дека почувствувал како гумата се откачила.

Инженерот реагираше правилно, велејќи му да го запре болидот. Ги проверивме податоците и откривме дека сите гуми се затегнати и немаше проблем.

Затоа, му рековме на Јуки дек треба да се врати бидејќи сакаме уште еднаш да ги смениме гумите. Тој застана и гумите беа извалкани во песокот и температурата на гумите падна.

Ги сменивме гумите и излезе уште еднаш, Но од податоците видовме дека задниот диференцијал е скршен.

Тоа беше исто така она што Јуки го чувствуваше веќе со првиот питстоп, Но тоа се одвиваше чекор по чекор, притисокот од диференцијалот се намалуваше чекор по чекор. Затоа, беше тешко да се открие веднаш по првиот питстоп И проблемот беше прилично едноставен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ