Болидите со Хонда мотор се поблиску до казни

На првите две трки болидите со Хонда мотор покажуваат одлични перформанси, но имаат проблеми со издржливоста. 

Во моментов, Серхио Перез од Ред Бул и двајцата возачи на АлфаТаури се близу до казни. Серхио Перез и Пјер Гасли во Бахреин мораа да менуваат батерија и контролна електроника, потоа, Гасли мораше да менува делови од моторот, а подоцна тоа се направи и кај Перез. Овој викенд Тсунода доби нов кинетички МГУ-К и батерија. 

На Т1 забележавме проблем кај Тсунода и одлучивме да направиме промена, Но сепак имаме доволно податоци и ќе анализираме како да го оптимизираме моторот за квалификациите и трката – изјави тојохару Танабе од хонда. 

Секој возач има две батерии и тоа значи дека тројца возачи со Хонда се блиску до казни. Перез и Гасли се на границата со електроники што значи дека може да бидат казнети. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ