Болниот Пиастри задоволен што ја завршил трката

Оскар Пиастри пропушти топ 10 пласман и поени од Баку, но со оглед на стомачниот вирус кој го имаше викендот, австралијанецот е задоволен со самото тоа што ја завршил трката.

Дебитантот на Мекларен пристигна во Мекларен со здравствени проблеми, а ситуацијата само му се влошуваше како викендот одминуваше. Но и покрај тоа, тој беше добар на квалификаците, се квалификуваше на 10то место како за спринтот, така и за главната трка.

22-годишникот мина цело попладне во средината на поредокот бореји се против Јуки Тсунода од АлфаТаури и Александер Албон од Вилијамс и заврши на најнесреќното место, 11то, првото кое не носи поени.

ни недостасуваше малку брзина во средината на поредокот, така што не можев многу што да направам. се чувствуав најдобро споредено со другите денови од викендот, но не беше лесно, физички беше тешко – опиша пиастри.

Сакајќи да се пошегува, Оскар посочи дека на трката бил многу полесен одошто на почетокот на викендот, земајќи ги во предвид проблемите кои ги имал.

мислам дека цел викенд изедов четири парченца тост, ништо повеќе, така што пред трката во мајами морам добро да се нахранам. 

беше многу тешко и поради тоа сум задоволен што го видов крајот на викендот, но научив доста, особено за менаџирањето на гуми и слично. ќе видиме како да бидеме подбори уште на следната трка.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ