Ботас: Алфа мора да ја подобри издржливоста

Валтери Ботас смета дека издржливоста е најголемиот проблем на Алфа Ромео и тие мора да почнат да освојуваат поени бидејќи тоа се нема случено од трката во Британија. 

Ботас имаше добар почеток на сезоната откако помина од Мерцедес во Алфа Ромео, но тоа престана кога почнаа да се појавуваат проблеми со издржливоста. 

Очигледно нема крај на проблемите и генерално е околу моторот. На почетокот на годината имавме проблем со шасијата поради недостаток на зимски тест, Но сега ги немаме тие.

Сега е нешто со моторот. тоа треба да се поправи. Еден мотор и уште еден судар во втор круг на Спа и не знам што повеќе да кажам – незадоволен е финецот.

Ботас смета дека непрекинатиот развој на нивните конкуренти Мекларен и Алпин ја вратиле Алфа Ромео поназад. 

Нашите ривали напредуваа повеќе. Секогаш имаат надградби, Но мислам дека во Остин или Јапонија ќе имаме нешто. Мислам дека сме еден од тимовите кои се на границата со тежината и Знаеме дека тоа е наша слабост и производството на делови е приоритет. 

Ботас ќе добие казна на гридот во Монца поради промена на мотор. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ