Ботас бара одговори од Алфа

Гуанју Жу ги освои своите први поени годинава на трката за Голеата нагрда на Австралија, трка на која Валтери Ботас беше разочаран од исходот и поради тоа бара одговори од тимот.

Финецот освои поени на отворањето на сезоната во Бахреин, но имаше тешкп Саудиско Гранд При, а и последната трка во Мелбурнг беше лоша за него. Со три црвени знамиња и рестартови, Валтери смета дека среќата целосно му свртела грб.

беше разочаруваки по претпоследниот рестарт кога стигнав до 9то место, но потоа бев вратен на првичната 12та позиција поради се што се случи. не ми беше среќен ден, имав осамена трка, тргнав од боксот, а со првото црвено знаме сите стигнавме да бидеме со исти гуми. во недела имав посилен ритам одошто во сабота, а се што се случуваше на патеката не ми помогна да напреднам – објасни ботас.

Запрашан дали во Хинвил се збунети поради недостатокот од ритам, Ботас потврди.

знам дека има темелна истрага за многу работи во екипата.

Десеткратниот победник на трка побара од тимот да ги реши проблемите и да најде одговори пред Азербејџанското Гранд При на крајот на овој месец.

мислам дека мораме да разбереме што се случува со болидот. овие перформанси не се оние што треба д ги имаме и среќен сум што има многу време до следната трка.

веднаш се враќае во фабриката и почнуваме со ревидирање и анализираме за да најдеме решение и одговори за нашиот ритам, едноставно е, но работата е темелна и тешка.

Тој не пропушти да го пофали својот колега за поените на последната трка, а запрашан дали екипата може да ја врати формата во Баку, потврди.

мораме да го сториме тоа. овој викенд не беше доволно добар. добро е што мојот колега освои неколку поени, но во целина не беше добро.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ