Ботас бара од Алфа фокус на издржливоста

Валтери Ботас не успеа да стигне до поени четврта трка по ред откако неговиот болид на Хунгароринг откажа поради проблем со системот за гориво. 

Ботас и Жу не успејаа да ја завршат трката во последните седум кругови и тоа го фрустрира финецот. 

Најдовме брзина викендов, но не успеавме да ја завршиме трката. Немаме издржливост и мора да поработиме на тоа бидејќи е штета да целиме на поени, а да не ги освоиме. Мора да се фокусираме на тоа – посочи ботас.

Алфа Ромео се на шеста позиција кај конструкторите и заостануваат 45 поени зад Алпин и Мекларен. Ботас имаше ветувачка трка се до проблемот благодарение на осмата позиција на квалификациите, но и неговата стратегија не ветуваше многу. 

Беше тешко како во Франција, се надевав на хард гумите кои не испорачаа. Се обидовме, но немавме шанса. Пробавме стратегија со едно застанување која не ни се исплатеше на хард гуми. Се надевам дека ќе сме подобри по летната пауза. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ