Ботас бара промени во Алфа по тешката трка во Франција

Валтери Ботас со нетрпение чека да се врати на патеката со неговата Алфа Ромео во Унгарија откако имаше тешка трка во Франција. 

Алфа имаше лоши перформанси на Силверстон, а серијата продолжи и во Франција каде ниту еден од нивните возачи не заврши во поени. Стартувајќи од 11та позиција на гридот, Ботас имаше лош старт и загуби неколку места иако доби нова спојка од Ферари со која требаше да се подобри стартот. Финецот смета дека спојката не била проблемот. 

Не беше спојката проблем, само имав пролизгување на стартот и треба да видиме зошто. Имав долга трка со многу пот без да можам да покажам нешто. Загубив неколку позиции на стартот и беше тешко за нас. Темпото не беше според очекувањата иако болидот е подобар на медиум гуми – кусо ја сублимираше својата трка валтери.

Ботас се надева дека ќе се направат промени и ќе биде подобар во Унгарија. 

Имав две лоши трки и мора да се поправиме. Тимот работи напорно да најде решение и мислам дека со надградби ќе се бориме во средниот ред.

Уживав на Хунгароринг во минатото и имам два подиума на оваа патека. Фановите се страствени и се надевам ќе им приредиме добра забава. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ