Ботас во контакти со Ред Бул

Договорот на Валтери Ботас истекува на крајот на 2020 година, а Тото Волф моментално не сака да коментира околу продолжување на истиот.

Поради тоа, финецот разгледува други опции, а сега размислува и за место во Ред Бул, откако минатата недела беа актуелни шпекулациите дека се договара со Рено. Секоја година, Ботас мора да се бори за своето место. Тој веќе истакна дека не сака да вози под постојан притисок во иднина. Изјавата на Волф најверојатно немала добар ефект над Ботас.

Заминувањето на Фетел од Ферари започна повеќе игри за возачките места на гридот и додека Ботас може да го загуби своето место, исто така тоа може и да го искористи. 

Се појавија шпекулации дека неговиот менаџер, Дидие Котон, е во разговори со Сирил Абитебул за место во Рено. По трансферот на Рикардо, на екипата и е потребен искусен возач, но Котон исто така имал контакт и со Кристијан Хорнер од Ред Бул. Договорот на Албон истекува на крајот на 2020 година, но според Хелмут Марко истиот ќе биде продолжен доколку го покаже истиот напредок како во 2019 година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ