Ботас е импресиониран од Жу

Валтери Ботас изјави откри дека е импресиониран од неговиот колега, кинезот Жу Гуанју, поради малкуте грешки што ги направил во својата деби сезона во Формула 1. 

Кинезот доби место во Алфа Ромео крај Ботас, кој дојде од Мерцедес. Иако финецот освои 49 од 55 поени за тимот, сепак Жу имаше одлични перформанси. 

Најголемата сила оваа сезона му беше што не правеше грешки. Тоа не го гарантира ниту еден дебитант бидејќи спортот се тежок за младите возачи. Даде се од себе да се развива и не правеше глупави грешки.

Добро е што напредуваше и на квалификации и на трка. Стекна многу техничко знаење и знае како да го подеси болидот – посочи финецот за својот колега.

Жу доста напредуваше во вториот дел од сезоната и често го предизвикуваше Ботас. Сепак, Валтери смета дека двајцата се добар пар и се почитуваат многу. 

Работиме одлично. Тоа е важно за тимот да напредува и да не се удираме на патеката. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ