Ботас има итно барање до тимот

Трката во Баку беше викенд за заборав за Алфа Ромео, а Валтери Ботас предупреди дека тимот мора да има брз напредок за трката во Мајами. 

Екипата од Хинвил заостануваше во Баку и Ботас ја заврши трката на 18та позиција додека Жу Гуанју не заврши. Алфа Ромео во моментов е на осма позиција со само шест поени. 

Баку не беше наш викенд и мора да извлечеме поука и да одиме во нова трка. Мило ми е што се враќам во Мајами и имам убави спомени од ланската трка. Мора да напредуваме во однос на пеформанси.

Многу сум мотивиран, но доста е тешко сега. Со нетрпение го чекам новиот предизвик и се чувствувам сигурно за тоа – изјави финцеот.

Алуни Брави, шефот на екипата, признава дека тимот имал лош старт на сезоната, но побара да се остане смирен, а напредокот ќе следува. 

Одиме по втор пат во Мајами и мислам дека тешкиот викенд заврши за нас, Но нема сомнеж дека имаме лош старт. мора да останеме смирени и да не го загубиме фокусот бидејќи сезоната е долга.

Во Баку не бевме конкурентни, но мали работи прават разлика. Работиме на подобрувања и сигурни сме дека ќе ги постигнеме. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ