Ботас искрено: Годинава уживав најмногу

Валтери Ботас смета дека оваа година ужива најмногу во Формула 1 благодарение на стабилноста којаја доби со Алфа Ромео со кои има повеќегодишен договор.

Финецот дојде во Хинвил на почетокот од сеознава по пет години минати во Мерцедес каде стигна до 10 победи и два пати завршуваше на второ место во возачкиот поредок зад Луис Хамилтон. Иако годинава не е на врвот од поредокот како што е навикнат, сепак освои 41 поен од вкупно 46 на екипата.

ова е прв пат за мене затоа што во вилијамс и во мерцедес секогаш имав едногодишни договори, така што прв пат немам притисок и не мора да одговарам на прашања за мојата иднина затоа што за промена, убаво е да имам повеќегодишен договор – призна ботас.

Валтери призна дека се чувствува порелаксирани и подобро може да се фокусира на својата работа, тркање во Формула 1.

оваа сезона уживам како никогаш до сега. кога зборуваме за тркањето, многу е забавно, особено на средината од поредокот затоа што има многу различни перформанси и стратегии, така што една правилна одлука може да ви донесе многу позиции.

во минатото во мерцедес, вообичаено се бореа само две екипи една против друга и бевме фокусиране на само двата противничкиболиди, но сег имам шест болиди околу мене на кои треба да внимавам и тоа е убаво.

Тој посочи дека окружувањето во Хинвил се состои од многу млади луѓе кои се вистинска тркачка екипа и поради сето тоа е многу порелаксиран одошто во Мерцедес.

кога работам, работам навистина напорно, но кога одмарам правам што сакам. животот треба да се избалансира помеѓу формула 1 и она што е надвор од патеката.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ