Ботас: Мексико можеше да биде многу различно со меки гуми

Возачот на Алфа Ромео, Валтери Ботас, верува дека Мексиканското Гранд При можело да биде поразлично за него доколку одбрал последната серија да ја одработи на меки гуми, но и покрај тоа, мило му е што освоиле повеќе поени од ривалите Астон Мартин.

Финецот прв пат освои поени по Канатското Гранд При во Јуни со своето 10то место на Ерманос Родригез, но имаше шанса и за повеќе откако стартуваше од 6то место и раздели два болиди на Ферари. По првиот круг загуби две позиции, но успеа да го задржи Естебан Окон ад себе се до промената на хард во 39от круг. Во последната серија, Валтери загуби позиција и од двоецот на Мекларен, а успеа на крајот зад себе да ги задржи Гасли и Албон кои напаѓаа затоа што имаа подобри гуми од него.

не можев да ги натерам гумите да проработат како што треба, особено предните, така што беа под оптимумот цела трка. ако ја повториме трката, сигурно ќе променам на софт во втората серија затоа што оние на софт буквално летаа по патеката – свесен за страштеката грешка е ботас.

Тој откри дека ја пробал најтврдата компонента на првиот тренинг во Петок и истите не биле лоши, но за време на трка, одлуката да се користат била погрешка. Сепак, задоволен е што освоил поен во ситуација во која Астон Мартин биле надвор од топ 10 во борба за 6то место во шампионатот.

со други гуми, ситуацијата ќе беше поинаква. но, барем освоивме еден поен затоа што мислам дека веќе 10 трки немаме поени и добро е што завршивме пред астон.

Запрашан дали перформансите на болидот биле поради новините кои ги носат или поради надморската височина, тој одговори:

ќе видиме на следните трки. бевме во к3 на квалификациисте во остин и требаше да завршиме во поени, тка што се надевам дека ќе бидеме силни и на следните две трки.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ