Ботас: Недостатокот на грип е полошо од слаб баланс

Валтери Ботас посочи дека моменталниот недостаток на грип од болидот на Алфа Ромео е многу потежок проблем одошто поправање на лош баланс, но очекува сето тоа да се поправи со подобрувањата од Имола.

Втора година по ред, Алфа немаат најдобар почеток на сезоната, но за разлика од лани, годинава имаат балансиран болид, но недостатокот на перформанси поради лошиот грип им прави проблем во густата средина од поредокот.

Ботас и Жу освоија само 6 поени на четирите досега одржани трки, така што швајцарската екипа е на 8мо место во конструкторскиот поредок. Валтери призна дека имаат подобро балансиран болид, но недостатокот на потисна сила е она што им прави проблем.

тешко е да бидам искрен и ако успееме да го корегираме проблемот со балансот ќе добиеме барем три десетинки. сега се што правиме е напорна работа во фабриката.

добро е што средината на поредокот е многу збиена, блиску сме до оние пред нас иако не сме онаму каде што сакаме да бидеме, но барем знаеме како можеме да се забрзаме и да добиеме на време, а тоа е наша цел.

држењето на болидот е подобро од лани, но недостатокот на чисти перформанси споредено со останатите е проблем. болидот е посилен од ланскиот, но конкуренцијата повеќе напредна – смета финецот.

Слаба страна на тимот е брзината на правците која доаѓа од недостаток на ефикасна аеродинамика, најголем проблем и кај Мекларен.

брзината на правците ни е слаба страна. мислам дека направивме чекор напред во баку во однос на тоа со различно задно крило, но тоа значи дека направивме компромис на кривините.

мораме да работиме на ефикасноста, ни недостасува потисок, така што дефинитивно мораме да се ослободие од отпорот и да додадеме потисна сила, но тоа е лесно да се каже, а тешко да се направи.

Новините во тимот се најавени за Гранд При на Емилија Ромања во Имола за две недели и истите треба да испорааат перформанси насекаде. Според Ботас, новиот пакет ќе биде добар индикатор за напредокот сезонава.

се надевам на силен чекор во имола со сите работи кои ќе ги имаме, така што ќе ни покаже што можеме да постигнеме годинава. се работи за пакет кој треба да не подобри во секој сегмент.

не можам да одам во детали, но има многу работи за повеќе перформанси преку потисна сила и ништо што би го нарушило балансот.

дефинитивно ќе има подобрување, но не сме единствени што е го направат тоа. се надевме дека ќе напреднеме повеќе од остантите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ