Ботас незадволен: Можев да си седам во сауна наместо да се тркам

Валтери Ботас е незадоволен од Француското Гранд При велејќи дека подобро му било да си седи во сауна со оглед на тоа какво издание имаше на Пол Рикар.

Финецот замина од претпоследната трка во првиот дел од сезоната без поени и назадуваше 3 позиции во однос на старниот поредок, додека неговиот колега мораше да се откаже од трката. Ле Кастеле беше еден од најлошите викенди за тимот од Хинвил сезонава иако тоа не наштети на нивното 6то место кај конструкторите поради тоа што Астон Мартин освоија само еден поен.

ако седев во сауна 1,5 часа ќе имав исто поени колку што имав и по крајот на трката. сета таа пот за ништо, иако секогаш учиме по нешто – вели финецот.

Главен проблем за 32-годишникот беше тоа што заедно со Карлос Саинз и со Пјер Гасли, тој беше единствен кој тргна со најтврдите гуми, така што кога излезе безбедносното возило во 18от круг по суадрот на Шарл Леклер, сите искористија да променат гуми за помалку време, а тројцата на хард не искористија ништо од ризикот.

морав и јас да сопрам и да променам гуми затоа што во спротивно се губи премногу реме во овој бокс. ќе беше убаво да останев на хард гумите во долга прва серија и да се обидам со една промена на медиум за да бидам брз на крајот, така што тајмингот на безбедносното возило не беше добар за оние на хард.

Валтери призна дека имал лош старт поради вртење на тркалата во место, но свесен бил и дека Мекларен и Алпин веќе се одлепиле пред неговата Алфа Ромео на последните трки.

гледаме дека некои екипи повеќе напредуваа од нас, направија голем чекор и се надеваме дека нема да биде така и во иднина. се надевам дека ние ќе можеме да притискаме со нови делови, затоа што и вилијамс иаше подобар ритма со новите делови денеска од нас.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ