Ботас: Не паничиме поради слабиот старт

Валтери Ботас смета дека нема простор за паника поради тоа што тимот не ги исполнил планираните цели за 2023 година. 

Тимот од Хинвил е на осма позиција кај конструкторите и Ботас ги освои единствените поени за тимот на првата трка во Бахреин. 

Не сме каде што сакаме да бидеме. Ги немам резултатите шти ги сакам. Целта е да одиме напред. Но тоа не е случај. Таква е ситуацијата и работиме да се подобриме. Нема сомнеж дека ќе имаме предизвикувачка трка. Но добри е што знаеме што е потребно. Гридот е многу тесен и сакаме да добиеме две десетинки по круг. Мислиме долгорочно и нема простор за панија. 

Ботас смета дека тимот прогресирал и работи на подобрувања пред да дојде Ауди. 

Ова е еден вид еволуција. Мали детали се подобруваат и се е подобро. И во оперативност на тимот се подобруваме. Во однос на перформанси не напредувавме доволно. Но сега гледам прогрес. Мислам дека одиме во вистинска насока. 

Тимот треба да се префрли на Ауди од 2026 година и Ботас смета дека ќе имаат напредок како Астон Мартин. 

Има уште многу работа без сомнение. Сите работиме на тоа и сите знаеме што не чека. Имаме пример на еден тим кој доста беше мотивирачки како успеа да напредува. Гледаме дека тоа е можно и црпиме мотивација од нив. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ