Ботас: Не требаше да стартуваме на почетокот

Валтери Ботас од Алфа Ромео смета дека контролата на трка не требала да го почне Јапонското Гранд При на време затоа шт овидливост тогаш била претерано лоша.

Силен дожд ја погоди Сузука еден час пред стартот на трката, но беше решено дека условите се доволно добри за настанот да почне на време, така што сите почнаа на зелено маркираните интермедиа гуми. Но, безбедносното возило се појави на крајот на првиот круг откако Карлос Саинз загби контрола и заврши во оградата крај патаката, а подоцна беше развеано и црвеното знаме.

Првично Себастијан Фетел се изврте на првата кривина, но немаше никакви последици освен што загуби доста позиции, потоа Пјер Гасли “собра“ едно рекламно пано кое на патеката го донесе Саинз, а и Александер Албон се паркираше по проблеми со хидрауликата.

првите два круга кои бевме на патеката беа невозможни за тркање и среќен сум што ништо полошо не се случи. бев изненаден што беше решено да стартуваме со оглед на условите, особено видливоста, така што сметам дека не требаше да се стартува. дури и при вториот старт мислам дека оние под 6то или 7мо место имаа многу проблеми со видливоста – посочи валтери.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ