Ботас призна дека ризикот на Алфа се исплател

Финецот Валтери Ботас тргна од 12то место на Големата награда на Монако и работеше напорно за да дојде до позиција која му носи поени.

Финецо посочи дека ризиците кои ги превзеле од Алфа Ромео му дале можност д освои поени на трката низ Кнежевството. Ботас имаше голема надеж за силен резултато во Монте Карло, но остана разочаран откако не стигна до последниот квалификациски сегметн во Сабота.

Стартуваше од 12то место на главната трка и покажа дека е одличен возач затоа што стигна до 2 поени и 9то место на трка преполна со изненадувања и случувања. Со вкупно 40 поени во моментов се наоѓа на 8мо место во возачкиот поредок.

Валтери призна дека избегнал грешки од бил кој вид на тешката трка и тоа било главно за да освои поени.

ова беше многу долга трка, но можеме да бидеме среќни затоа што ги искористиме можностите како екипа. беше многу лесно да се погреши на влажната и тесна патека и мило ми е што напреднавме позиции и од 12то место стигнавме до поени – изјаив валтери.

Една од клучните работи кои го донесоа возачот до поени беше тајмингот на промена од гуми за дожд на зелена интермедиа, а потоа и на мазни гуми при променливото време, а за тоа Ботас му честита на тимот.

донесовме исправни стратешки удлуки што беше голем предизвик поради тоа што изборот не гуми не беше лесен. ризикот беше пресметан и тоа ни се исплатеше.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ