Ботас призна: Очајно ни требаат новини на Имола

Валтери Ботас призна дека на Алфа Ромео очајно и итно им требаат новини кои се најавени за Гранд При трката на Имола претсојниов викенд.

Екипата од Хинвил донесе ново предно крило на трката во Австралија и ревидирани странични делови во Мајами, но финецот смета дека е потребно повеќе за напредок. Валтери посочи дека ритамот на трка е слабоста на болидот откако заврши на 13то место во Мајами, а ден претходно имаше топ 10 квалификации.

не знам од која причина, но во текот на еден летечки круг на меки гуми бевме многу силни, но не и на долгите серии на трка, таква е ситуацијата во моментов и не можам ништо повеќе

стартот на претходната трка беше добар, бевме во одлична позиција, се обидов да се задржам во топ 10, но за жал, ритамот не беше добар. дефинитивно научивме многу, но факт е дека ни требаат нови делови за да се подобриме на имола и се надевам дека ќе ги добиеме и ќе имаме редовна шанса за поени.

имаме нови работи кои доаѓаат набрзо, нетрпеливи сме да ги пробаме затоа што имаме навистина потреба за напредок – посочи ботас.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ