Ботас сака да ја купи КимиРинг

Валтери Ботас би можел да стане косопственик на тркачка патека во Финска со највисока ФИА оценка, целосно подготвена за Формула 1. 

Откако замина од Мерцедес на крајот на 2021 година, финецот ги прошири бизнис интересите надвор од спортот со инвестиции во џин, кафе и имот. Валтери сега преговара со банкротираните сопственици на КимиРинг во Финска која веќе има добиено највисока оцена од ФИА за организирање на Формула 1 трки. 

Тоа е тешко прашање така што одговорот е да и не. Зборував со потенцијални инвеститори на КимиРинг, но сеуште не се јасни сите работи. Мислам дека тој концепт на патека треба да се следи и решение е можно. штета е што никој не ја превземал до сега. 

Медиумите пишуваат дека автодромот може да се купи за 4 до 5 милиони евра и треба да се инвестира 2 до 3 милиони во надградба за да може да се вози МотоГП трка. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ