Ботас потенцира голем проблем на Алфа Ромео

Финецот Валтери Ботас завшри на 19та позиција иако неговиот колега Гуанју Жу заврши во поени.

Според Ботас штета на подот го спречила да се бори за поени.

За мене беше јасно дека нешто не е во ред со болидот бидејќи губев по секунда на круг. Дали беше механичко или аеро не знам да кажам но немав баланс. Нешто беше оштетен болидот.

Иако на почетокот не знаеше за проблемите по разочарувачките перформанси Ботас изјави:

Знаев дека нешто не е во ред со болидот но подоцна најдовме големо оштетување на подот што не чинеше многу. Немав шанса да се борам за поени.

Според него оштетувањето се случило уште на квалификациите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ