Ботас смета дека возачот е многу побитен во Алфа

Валтери Ботас чувствува дека во Алфа Ромео возачот може да има поголем ефект врз перформансите споредено со неговото време минато во Мерцедес.

Финецот дојде во Хинвил во пресрет на оваа тркачка сезона откако пет години возеше за Мерцедес за кои победи 10 пати и им помогна да освојат 5 конструкторски титули. Но, тој никогаш не успеа сериозно да нападне за возачкиот наслов затоа што против себе го имаше доминантниот Луис Хамилтон.

Во Алфа Ромео крај него вози Гуанју Жу, но Ботас освои 41 поен до сега од вкупно 46 колу што има екипата.

дефинитивно чувствувам дека правам рзлика и сакам да му помогнам на тимот да притисне во вистинска насока. исто така, секогаш два пати се препрашувам дали ова што го правиме е вистниско и дали се развиваме во правилна насока.

веќе работиме за следнат годиан и дискутираме какви новини ќе донесеме и навистина е многу интересно за мене да бидам технички толку многу вклучен во развојот на болидот и уште од сега правиме анализи како следниот болид ќе се однесува – откри валтери.

Запрашан дали има разлика во однос на тоа како се развива болидот на Алфа Ромео споредено со неговите денови во Мерцедес, отј посочи.

никогаш не бев толку детално вклучен во развојот додека бев во мерцедес и убаво е да се има тој човечки ефект во напредокот. во мерцедес компјутерот секогаш кажуваше кој тип на болид ќе биде најбрз и тоа редовно беше вистинската насока, но ова во алфа е многу убаво чувство.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ