Ботас смета дека има уште многу Ф1 сезони пред себе

Возачот на Алфа Ромео, финецот Валтери Ботас, смета дека има уште многу, многу години во Формула 1 пред себе.

Финецот дојде во екипата од Хинвил во пресрет на ланската сезона откако беше дел од шампионскиот Мерцедес од 2017 до 2021 година. Неговото деби во Формула 1 беше пред 10 години со Вилијамс и од тогаш има 10 Гранд При победи и вкупно 67 пласмани на подиум, а со 33 години е помеѓу постарите на гридот, но нема намера да направи место за помладите.

тешко е да се каже до кога ќе се тркам, јасно е дека многу зависи од насоката во која ќе се движи спортот, во која екипа ќе возам, какво ќе биде окружувањето. во еден момент патувањето станува претешко и треба да решите дали сакате да продолжите да се тркате насекаде низ светот или да седите мирно со семејството.

спортот бара многу и зема многу, но кога ќе имам 39 години и ќе бидам пред 40-тата, веројатно ќе размислувам поинаку, но во моментов сметам дека имам уште многу, многу години во Формула 1 пред себе – најави валтери.

Договорот помеѓу Заубер и Алфа Ромео завршува на крајот од оваа сезона, така што од следната екипата ќе има две сезони тркање под своето првично име пред да биде превземена од Ауди за 2026 година. Со повеќе од 200 Гранд При трки зад себе, финецот смета дека имал одлични перформанси да остане на гридот и по превземањето од германскиот производител.

сеуште сум млад споредено со некои, имам 33 години и не се гледам надвор од формула 1 во моментов, така што не сметам дека губам перформанси и станувам побавен.

интересно е она што се случува во тркачката екипа и компанијата. секако дека да се биде дел од голем производител е нешто што сите го сакаат како единствен начин да се победи во формула 1.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ