Ботас со поддршка до Жу за останување во Ф1

Валтери Ботас му даде поддршка на својот кинекси колега, Гуанју Жу, за останување на гридот односно во Алфа Ромео и следната сезона.

Финецот има повеќегодишен договор со швајцарската екипа од Хинвил, но неговиот колега за следната сезона сеуште не е потврден. Кинезот дојде во Алфа на почетокот од оваа година по три години минати во Формула 2 и стана првиот возач од најбројната земја на светот во Формула 1.

23-годишникот освои поен на својата прва трка која се возеше во Бахреин, а најдобриот резултат му дојде во Канада кога освои 4 поени со своето 8мо место. 

На возачкиот пазар има доста опции, една од нив е искусниот Даниел Рикардо и “звучниот“ Мик Шумахер, но Ботас го претпочита Гуанју.

би било убаво да знам кој ќе ми биде колега догодина, но не се брзаме и не си ставаме премногу притисок за тоа. мислам дека жу е одличен за тимот и во моментов не гледам никаква причина зошто да не продолжи и следната година.

дефинитивно би дал поддршка за тој да продолжи со тимот затоа што иако е само една година во тимот, има одличен напредок и очекувам да биде уште посилен следната година. тоа е мое чувство, а мислам дека тој не е многу загрижен поради тоа, сака само да наведне глава и да работи за трките кои следуваат, а по трите последователни настани можеби ќе има повеќе време за преговори – посочи валтери.

На крајот од следната година ќе прекине соработката помеѓу Заубер и Алфа Ромео, а швајцарците се подготвуваат да дебитираат во партнерството со Ауди во иднина.

во моментов не гледам причина зошто јас не би продолжил со екипата и во иднина, уживам, можам да возам многу брзо и во иднина сакам да продолжам со еипата.

мислам дека имам уште многу што да му дадам на спортот и да продолжам во иднина. јасно е дека никогаш не можам да знам како ќе се чувствувам за 2-3 години од сега, но сега уживам во подемот на тркачката серија, а атмосферата на секоја трка е фантастична.

во добра екипа сум, балансот на работата и приватниот живот е одлична за мене во момтнов, ми годи и поради тоа се гледам себе во хинвил уште долго.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ