Ботас: Тешко е за младите да бидат свои во Ф1

Валтери Ботас смета дека станува се потешко за младите возачи да бидат свои и да го покажат вистинското лице во Формула 1 затоа што тркачката серија станува моќен бизнис, иако тој дошол до момент кога самиот не се сфаќа претерано сериозно.

Финецот дојде во Формула 1 во 2013 година со Вилијамс и се мачеше да го покаже своето винско лице на почетокот, но откако замина од шампионскиот Мерцедес, некако како да се пронајде. Имап поакеитвен пристап кон социјалните медиуми и почна да рекламира брендови за џин и кафе.

како дебитант дефинитивно немаше да дојдам во падокот со синдикална, дури и пред неколку години немаше да го направам тоа. сега е полесно, не се сфаќам себе премногу сериозно, дефинитивно времињата се променија, но во овој спорт е тешко да бидете дебитант и да минувате низ системот, а во исто време да бидете свои. но, како што стекнувате искуство почнувате да сфаќате дека мора во одреден момент да бидете свои – посочи валтери.

Тој смета дека Формула 1 има претерано деловен пристап што ја отежнало работата за младите воазачи, иако Даниел Рикардо и Ландо Норис се два ретки исклучоци.

тешко е во формула 1, понекогаш е тешко да се видат личностите на патеката. јасно е дека штом ги запознаете возачите подобро надвор од тркањето, тогаш вистински се гледа нивната личност, но начинот на кој се работат интервјуата и се поднесуваат со спонзорите е многу стандардно.

минатите десет години некои како даниел рикардо се издвојуваа, човек кој вистински ја покажа својата личност. мислам дека тоа е одлично да се види датоа што ова е сериозен бизнис и компаниите вложуваат многу пари.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ