Брандл незадоволен од пропустите на ФИА во Монако

Поранешниот возач и сегашен аналитичар и стручен коментатор за британски Скај, Мартин Брандл, ја нападна ФИА за пропустите на Гранд При трката во Монако кои смета дека предизвиквале збунување кај екипите и фановите.

Контролата на трка два пати го одложи почетокот на настанот оради времето, трката почна со три формациски кругови зад безбедносно возило за потоа да биде прекината со црвено знаме. Долгото одложување на почетокот на трката беше без информација околу случувањата од страна на контролата на трка. Подоцна се откри дека прекинот во снабдување со електрична енергија на сигнализацијата крај патеката било виновно за одложувањето.

задржување на трка поради очекувања за лошо време не е неопходно. имаме виртуелни и вистински безбедносни возила, црвени знамиња, луѓе кои менуваат гуми за две секунди, две различни компоненти гуми за дожд и сето тоа е формула 1.

во 20:03 часот по трката фиа не информираше дека имале проблеми со електричнат енергија на сигнализацијата на почетокот од патеката поради силниот дожд и тоа беше оправдување за стартот зад безбедносно возило по црвеното знаме.

ако ние медиумите ја добиевме таа вест преку нашата едноставна ватсап група преку која комунициравме, ќе ги известевме гледачите низ светот како и оние на патеката кои не знае што се случува – незадоволем од менаџирањето на настанот е брандл.

Според него, збунети не биле само екипите, туку и медиуите и фановите.

некоку доверливи извори ми кажаа дека во канцелариите на контролата на трка имало жестока расправа за време на прекинот на трката, а никој не знаеше што се случува. тоа го објаснува периодот на неактивност и немање на информации и причината поради која безбедносното возило не возеше по патеката анализирајќи ги условите на истата.

По контроверзниот крај на минатата сезона и се што се случуваше на трката во Абу Даби, по што Мајкл Маси беше сменет од директорското месо на трките, Формула 1 ги назначи Нилс Витич и Едуардо Фреитас за ротирачки шефови на настаните. Но, Брандл повторно бара ревидирање на процесите и тоа час поскоро.

за доброто на формула 1, фиа мора итно да направи промени посветени на овластувањата на директорот на трка, да се додели помош а него, персонал за инспекција на патеката и системите како и подобра комуникаија. мислам дека ова е врвен приоритет.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ