Бред Пит бескрајно ужива снимајќи го филмот за Ф1

Бред Пит вели дека го доживува најдоброто време во неговиот живот снимајќи го новиот филм за Формула 1, додавајќи дека ужива целосно во целиот процес.

Пит, исто така, призна дека се чувствувал малку вртоглаво додека снимањето на филмот започнало за време на Британскиот ГП викенд, вклучително и секвенци во кои тој го вози болидот од Ф2 помеѓу вистинските сесии.

Холивудската ѕвезда го даде својот прв опширен увид во филмот и неговиот заплет во интервјуто спроведено во филмската гаража во Силверстон од Мартин Брандл.

Морам да кажам, сега сум малку возбуден – му рече Пит на Брандл.

И едноставно е прекрасно што сум тука. Само уживаме цело време. Ова е најдобро време во мојот живот.

Се беше одлично. Мислам, атмосферата е неверојатна, го знаете тоа, но само да станете дел од неа на овој начин и да ја раскажеме нашата приказна, сите беа навистина кул со нас.

Сите тимови ни ги отворија вратите, ФИА, Мохамад беше навистина корисен. И Ф1 и Стефано, сите беа навистина, навистина неверојатни, што можеме да го направиме ова. И тоа ќе го направи филмот навистина добар.

Пит даде преглед на приказната, во која тој игра како одамна пензиониран возач кој се враќа на сегашниот грид.

Јас би бил човек кој се тркал во деведесеттите. Всушност, во одреден момент ќе сум бил на патеката со тебе! – се обрати Пит кон Брандл.

Возачот имал ужасен судар, се случиле глупости и исчезнува, а потоа се трка во други дисциплини. И тогаш се појавува неговиот пријател кој го глуми Хавиер Бардем, кој е сопственик на тим.

Тие се екипа на дното, тие се 21ви и 22ри на гридот, никогаш не освоиле бод. И тие имаат млад феномен кој го глуми Демсон Идрис.

Да ви кажам што е неверојатно во тоа. Ќе ги видите камерите поставени на целиот болид. Кадрите, никогаш не сте виделе таква брзина, никогаш не сте ги виделе тие Г сили вака. Навистина, навистина е возбудливо.

Пит истакна дека немал претходно искуство со тркачки автомобили пред да започне неговата тренинг програма, иако возел моторцикли:

Повеќе моторцикли, последните 20 години ги поминав со моторцикли на патеката. Тоа многу помогна.

Ова е навистина понизно. Мислам, не знам дали мојот круг може да го наречете летечки круг. Јас го нарекувам некако како бавен круг! Возев неколку пати, излетав ненамерно низ тревата. Но, едноставно беше превозбудливо!

Запрашан од Брандл дали уништил нешто притоа, Пит рече:

Само моето его!

Пит инсистираше на тоа дека не е нервозен да вози околу Силверстон пред полна толпа.

Не, навистина не бев. Мислам, момците навистина ме подготвија добро. Има неколку свиоци каде можев да ги видам трибините.

На правците, имате малку време да погледнете наоколу, но јас сум навистина, навистина фокусиран на линиите и на она што се обидуваме да го создадеме во овие моменти.

За нас, сакам да кажам за сите експерти во фотељи таму, треба да ни дадете малку простор за дишење. Ако видите какви било излети или нешто, тоа е по дизајн, ок?

Пит нагласи дека сака филмот да биде реален.

Го имаме тимот на Тревор Карлин од Ф2. И тие беа сензационални, нè чуваа безбедни и не тренираа и навистина го водеа шоуто, да биде вистинското. Треба да биде автентично колку што можеме да го направиме.

И Луис Хамилтон, кој е и наш продуцент, навистина, навистина има намера да го почитуваме спортот, да го покажеме навистина онаков каков што е.

Пит го заврши интервјуто со оддавање почит кон Брандл и кон тркачките возачи воопшто.

Морам да ви кажам, како цивил, немав поим што е потребно за да се биде возач, со  агресивност и умешност.

Тие се неверојатни спортисти. Имам многу почит за сите таму во сите класи.

Ќе бидам на патеката додека не ме избркаат. Затоа што тоа го сакам. Мислам дека тоа е сон на секој човек.

Повторно, многу го почитувам она што го правите вие, и уживам во вашите работи со години. Навистина е прекрасно да се биде овде.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ