Брандл предлага ограничување на премоќниот ДРС

Мартин Брандл даде свое мислење за границите на патеката и ограничување на употребата на ДРС во текот на трките. 

Проблемите се појавија со поставувањето на граници на патеката и тие се жестока тема на дискусии. Макс Верстапен беше оштетен неколку пати поради надминување на границите и тоа многу го чинеше, загуби победа во Бахреин, загуби пол позиција на Имола и загуби поен за најбрз круг на Портимао.

Брандл се согласува и го спореди начинот на имплементација во Формула 1 со други категории и предложи неколку решенија за да не се обесхрабрат возачите. 

Во натпреварувањата како ВЕЦ, границите се надгледуваат и возачите мора да ги следат. На патеката во Бедфорд, доколку возиш прешироко или мамиш со силата на моторот, може да го загубиш ДРС на неколку кругови и нема многу да бидеш оштетен.

Се прашувам дали активацијата на ДРС треба временски да е ограничена бидејќи ДРС е многу моќен комбиниран со следење на болид – вели поранешниот британски формула 1 возач.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ