Брандл ги предупредува Мекларен: Норис ќе бара нова екипа

Ландо Норис напорно ќе бара нова екипа и ќе ги проценува неговите опции во Формула 1 на друго место доколку Мекларен продолжи со слаби перформанси, тврди Мартин Брандл.

Иднината на Норис беше предмет на интензивни шпекулации во последните месеци по ужасниот почеток на Мекларен во сезоната во 2023 година. 23 годишниот британец има договор со Мекларен до крајот на 2025 година, откако потпиша нов долгорочен договор минатата година, но тоа не го спречува да биде поврзан со најголемите тимови во Ф1.

По подобреното прикажување на неодамнешното Гранд При на Азербејџан, Норис истакна дека има уште поголема верба во Мекларен да се врати напред по големото техничко реструктуирање. Но, Мекларен повторно паднаа во Мајами, при што Норис се квалификуваше на ниско 16то место и се израмни со неговиот најлош пласман на трка на 17то место.

Ужасниот викенд на Мекларен и иднината на Норис, беа тема на дебата во последната епизода од подкастот на Скај Спортс Ф1.

Ландо е неверојатен, ова е негов тим, тој е таму веќе добар број години и ги поддржува, но на крајот ќе се разочара ако во најдобар случај тие се играчи од средниот ред – вели Брандл.

Ландо ќе гледа наоколу. Тој мора да гледа наоколу, но тој е обврзан со договорот и одборот за признавање договори.

Значи, тој има малку време, но тој е млад човек. Мекларен ќе мора да испорача во следните 18 месеци или ќе имаат проблеми.

Во услови на најлошиот почеток на сезоната на Мекларен во последните децении, Брандл рече дека извршниот директор Зек Браун и сите во Вокинг ќе го чувствуваат притисокот.

Мислам дека она што е несомнено е генијалноста на Зек од финансиската страна, од спонзорската и маркетинг страната – додаде тој.

Сега се реструктуираат со Андреа Стела и некои други луѓе кои доаѓаат во тимот. Тие имаат нов воздушен тунел и ужасно зависат од тоа да го подобри тимот многу брзо во следните година или две.

Мекларен воопшто, а особено Зек, ќе го чувствуваат притисокот. Андреа Сеидл отиде во Алфа Ромео, но таму не е баш брилијантно во моментов, нели?

Тоа е тежок бизнис и ќе видиме што ќе доведат овие промени за нив.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ