Браун: Нема да дозволиме дупките во правилата да ја уништат 2021

Директорот за моторспорт на Формула 1, Рос Браун, вели дека новата структура на владеење која се предложува за 2021 година ќе спречи тимовите да ги злоупотребуваат дупките во правилата за да доминираат во првенството.

Големата промена во правилата за следната година, која цели кон подобрување на тркањето, доведе до ризик тимовите да ја користат “сивата зона“ во истите за потенцијална предност. Но Браун, чиј шампионски тим всушност го користеше нелегалниот двоен дифузер во 2009 година, вели дека новата структура ќе помогне да се избегнат такви ситуации. Тој особено го истакнува новиот процес за воведување на правила помеѓу тимовите и Формула 1 како клучен.

Новата структура ќе бара компромис 10 гласови за секоја екипа, Ф1 и ФИА. Промените за следната сезона ќе бараат само едноставно мнозинство од 25, додека моментални промени ќе бараат поддршка од 28 гласови. Тоа значи дека ќе има околности при кои ако една или две екипи најдат начин околу правилата, тогаш нема да бидат во можност да ги спречат останатите да го забранат истото по итна постапка.

Во минатото, сите тимови мораа да се согласат за одредена промена. Ние притискаме кон правилник каде ќе може да воведуваме промени, во пократок временски период. Ако на пример, некој експлоатира дупка во правилата, на следната трка веќе ќе биде забрането истото, што сега е невозможно.

Ако некоја екипа има решение кое никогаш не било замислено и го уништува принципот на тоа што сакаме да го постигнеме, владеечкото тело со доволна поддршка од другите тимови, ќе го забрани. Тоа е целосно поинаква филозофија – вели Браун.

Браун не верува дека новата структура ќе спречи иновација, бидејќи реакција кон новини ќе биде воведена само кога станува збор за јасна експлоатација на сивата зона во правилата.

Сакаме луѓето да бидат најдобри во рамки на правилата. Треба да се потпрат на нас, на ФИА и да сфатат дека нема да казнуваме некој кој има добра идеја. Тоа е субјективно. Но дали е одлична идеја ако некој ставил запирка на погрешно место во правилникот и адвокатите може да го интепретираат како сакаат? Не е така.

Запрашан околу блиските трки во 2020 година поради стабилноста во правилата, Браун го истакна следното:

Да, и тоа е одбрана на тимовите, дека ако продолжиме со стабилни правила, тогаш конкурентноста ќе се подобри. Но таа стабилност е лимитирана кон 3 екипи, а тие три трошат околу половина милијарда. Тоа не е добра ситуација.

Сакаме Ф1 тимовите да успеат на најиздржлив начин. Сакаме Мерцедес да бидат во ситуација која е одлична вредност за парите, и тие нема да прекинат, зошто би прекинале? И со сумата која ја трошат моментално, имаат поголем повраток на инвестицијата – додаде Браун.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ