Браун открива: Финансиската ситуација во Мекларен е фантастична

Главниот извршен директор на Мекларен рејсинг, Зек Браун, откри дека Формула 1 екипата е во одлична финансиска состојба, сето тоа благодарение на успесите на патеката.

Почетокот на пандемијата во 2020 година навистина многу влијаеше врз Мекларен Груп, тие објавија дека ќе отпуштат 25% од вработените, а бе во потрага по заеми и капитал за да продолжат со работењето. На крајот, земаа кредит од 150 милиони фунти од Националната банка на Бахреин и продадоа удел во компанијата на МСП Спорт Капитал за 185 милиони фунти. Следуваше продажба на Технолошкиот центар на Глобал Нет Лиз за 170 милиони фунти, така што во моментов плаќаат наемнина за објектот, а летоска Зек најаи дека обезбедил дополнителни 550 милиони фунти инвестиција, најмногу оф гигантскиот саудиски ПИФ и еден од нивните сопственици Мимталакат.

продажбите на компанијата се во голем пораст и мислам дека имаме нови комерцијални партнери повеќе од било кој во формула 1.

мсп ни ги даде потребниет финансиски средства со кои ќе можеме да станеме профитабилни, тие не стабилизираат како финансиски така и емотивна и се одлични партнери. тие се инвеститори во спортот кои сакаат да победа и го разбираат спортот знаејќи дека формула 1 е посебна. не можеме да бидеме посреќни.

Удел во одлични финансии и расположение во тимот секако имаа и резултатите на патеката минатата сезона откако во 2020 година тимот го обезбеди 3то место кај констуркторите, лани беа 4ти, но имаа 1-2 победа на Монца, прва од Канада во 2010 година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ