Браун: Пиастри ќе го стигне нивото на Норис

Главниот извршен директор на Мекларен, Зек Браун, смета дека неговиот дебитант, Оскар Пиастри, ќе го стигне нивото на поискусниот колега Ландо Норис откако остана задоволен од досегашните трки на австралијанецот.

По превирањата околу валидноста на договорот на Пиастри минатата сезона, Формула 2 првакот потпиша за Мекларен за оваа година, како замена за Даниел Рикардо целосно разочара. Првите две трки на австралијанецот не беа добри, имаше дефект на првата, а контакт на стартот на втората која му ги уништи одличните квалификации, но според Браун, тимот добро знае каков е Оскар споредено со Ландо.

сакаме да имаме двајца возачи кои се притискаат, а од првите анализи направени над оскар, гледаме дека наскоро ќе биде на нивото на ландо и ќе се притискат за доброто на екипата. тоа го сакаме од нашиот тандем, а тимот треба да им дде соодветен пакет за да дојдат до врвот.

убеден сум дека кога ќе се погледнат работите кои се потребни за да иате победничка екипа, треба да имате двајца силни тркачки возачи, што е битно како и било кој друг дел.

Покрај недостатокот на искуство, Оскар го импресионирал Зек со својот фокус и начинот на кој се справува со притисокот на домашната трка.

тој е многу зрел 21-годишник, многу е фокусиран. тешко да видите по него дека ова му е домашна трка иако околу патеката има оскар-маниа, но тој е фокусиран, глава доле и само работи. буквално нема разлика кај него од бахреин и саудиска арабија до овдека и тоа го прави фантастичен возач, неговата смиреност.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ