Браун: Сите го сакаат Силверстон, но не можеме да чекаме повеќе

Зек Браун вели дека иако е универзална желба да се има Силверстон на новиот календар, Формула 1 не смее да чека засекогаш тоа да се случи.

Силверстон и Формула 1 се договорија за две трки по двете трки кои ќе се одржат во Авсрија на 5 и 12 Јули, но британската влада сака да го спречи тој план бидејќи не сакаат на ниту еден спорт да му овозможат исклучок од 14 дневниот период на карантин за секој кој доаѓа во Британија.

Знам дека Формула 1 и ФИА работат напорно со владата околу овој исклучок. Сите го сакаат Силверстон и Би било штета да не се одржи Британското Гранд При и да се тркаме на сите други места во Европа.

Тимот за карантин во Силверстон сеуште работи на тоа, не сме дознале ништо конкретно. Тоа ги менува плановите, бидејќи постојат опции за тркање во Европа. Ќе биде штета да се пропушти трката, но доколку останатите земји се подготвени, не смее да дозволиме една земја да ја прекине Формула 1 и нејзините активности.

Штета е што се работи за Англија, толку многу од инфраструктурата е базирана тука. Ако сме ограничени во родната земја, тоа ќе биде голем предивик за сите нас – смета американскиот шеф на мекларен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ