Браун: Успехот на Мајами не е закана за старите патеки

Главниот извршен директор на Мекларен, Зек Браун, посочи дека успехот на Мајами Гранд При трката не е закана за традиционалните и стари трки како онаа во Монако.

Првата Гранд При трка во најголемиот град во државата Флорида е на програмата викендов, а интересот е преголем при што спортот користи од цутењето на спортот во Америка. Има и други места кои напорно работат да добијат своја трка, а коцкарската мека, Лас Вегас, веќе доби настан за следната година.

Мајами се очекува да биде полн погодок, а интересот на спонзорите и партнерите викендов веќе покажува дека настанот ќе биде полн погодок и дури и поважен за спортот од Монако. Но, Зек смета дека Мајами не е закана за ниту едек класичен настан затоа што трката само ќе додаде на тежина на ионака фантастичниот Формула 1 календар.

мајами не е закана за никој затоа што се работи за ралзичн игеографии, тоа се различни трки. луѓето често ме прашуваат која е најдобра трка, но јас никогаш не можам да дадам одговор.

мислам дека мајами ќе постави нови висини за сите во календарот, сингапур е неверојатен настан, монако е фантастично, силверстон е лудило, абу даби е прекрасно, австрлија беше распродадена годинава.

луѓето го препознаваат нфл супер бол како најголем спортски настан во светот, но абу даби формула 1 трката привлече поголема публика годината. можеби финалето во светското фудбалско првенство е поголемо сеуште, тоа е еднодневен настан на секои 4 години, а ние имаме календар од 23 трки, 23 супер бол натпревари – анализира американецот.

Поради се поголемиот календар, можност постои за рокади во календарот со цел да се овозможи на повеќе организатори да имаат можност да организираат трки. Неодамна се појавија шпекуациите дека Франција ќе го загуби своето место, а Германија ќе влезе наместо неа.

мислам дека има интерес од земји како јужна африка, а ние логистички не можеме да одработиме повеќе од 23 трки што значи дека треба да се гледа на тоа како на спсолутен мскимум. ако имаме 17 перманентни трки и 5-6 кои ќе ротираат секоја година, ќе имаме 23 трки во калнедарот, но ќе биде поинтересно.

фреквентноста на трките нема да се зголемува, но пазарите кои ќе се покријат ќе бидат повеќебројни. има доста спортови кои се одржуваат на неколку години. не мора да има гранд при трка секои четири години, но може на секои две.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ