Браун: Фановите се задоволни од календарот

Рос Браун изјави дека Формула 1 фановите се задоволни од новиот проширен календар со рекорден број на трки и дека лимитот е должината на сезоната. 

Формула 1 календарот се зголемуваше во текот на последните години и оваа година има рекордни 22 трки, додека следнат сезона се очекува да има трка повеќе. Како дел од зголемениот календар, Гранд При викендите ќе се намалат од четири на три дена со сменети активности за медиумите. 

Секоја година додаваме трки, Саудиска Арабија и Катар годинава, а наредната година ќе го имаме Мајами. Има зголемен притисок со повеќе трки, но ова е лимитот кој го имаме.

ановите сакаат се повеќе трки, но мора да се најде баланс. Една од работите овој период е дека сакаме да тргнеме притисок од тимовите за тие да имаат нормален викенд и веќе од понеделник и вторник да се подготват за наредната трка.

Го збивме целиот викенд за се да се случи побрзо. Тимовите сакаат да ги скратат дневните програми и ќе има “полициски час“ за да ги спречиме да работат надвор од работно време за да бидат поефикасни. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ