Браун: Целта годинава е да ги стигнеме водечките

Извршниот директор на Мекларен, Зек Браун, вели дека неговиот тим се фокусира на намалување на разликата до првите три тима во Формула 1 шампионатот за конструктори следната сезона и да го запре нивниот неодамнешен пад во поредокот.

Мекларен беше трета екипа во 2020 година, сезона во која имаше послаби перформанси од Ферари. Следната сезона тие паднаа на четвртото место, а во 2022 година исто така беа поразени од Алпин со 14 поени и назадуваа на 5та позиција..

Тоа ги остави на петтото место во генералниот пласман, далеку од местото каде што Мекларен сака да биде. Отфрлајќи го предизвикот од Алпин, Браун вели дека целта за оваа сезона ќе биде да се стигне до Мерцедес и да се намали разликата со првопласираните тимови. Тоа е голема цел, возачите на Мекларен Ландо Норис и Даниел Рикардо освоија 159 поени минатата година, додека Мерцедес и покрај тоа што имаа ужасна сезона за нивните стандарди, стигнаа до 515 поени.

Разликата помеѓу Мекларен и шампионите од 2022 година Ред Бул беше уште поголема, неверојатни 600 поени откако Макс Верстапен и Серхио Перез постигнаа 17 Гранд При победи во текот на сезоната. Браун потврди дека првата цел на Мекларен во 2023 година ќе биде намалување на разликата до предниот дел на гридот.

Имаме две точки на податоци на кои посветуваме најмногу внимание, а Едното е, колку сме блиску до тимот што победува. Ако тој тим не е Мерцедес, нашата друга точка на податоци, со оглед на тоа каков одличен тим е Мерцедес, а ние го делиме истиот мотор е дали сме блиску до Мерцедес.

Значи, тоа се нашите две основни точки на податоци од конкурентна гледна точка и сакаме да бидеме поблиску до нив оваа година отколку што бевме во 2022 година. Покрај тоа, тешко е да се постави многу конкретна бројка за тоа. Се разбира, би сакале да се вратиме барем на четвртото место во првенството.

Но, мислам дека ќе ни треба малку повеќе од нашата технологија за да можеме навистина да се пробиеме во првите три – призна тој.

Една од предностите во кои уживаа нивните ривалски тимови беше тоа што двајцата возачи работат ефикасно заедно за да придонесат за севкупниот број на бодови во тимот. Тоа особено не беше случај во Мекларен каде Норис придонесе со 122 поени и заврши на седмото место во шампионатот на возачи, додека Рикардо имаше лоша сезона и постигна само 37 поени во текот на 22 трки.

Браун продолжи да посочува кон неуспехот на Рикардо да напредува за време на двегодишниот престој во Вокинг како голема мистерија.

Ние секако го анализиравме. Му дадовме сè што имавме, Даниел даде се што имаше и нашиот однос со Даниел беше одличен.

Очигледно беше разочарувачки за двајцата во однос на исходот, но мислам дека е голема мистерија зошто тоа се случи. Мислам дека Даниел не знае, ние не знаеме, пробавме сè. Можеби работевме премногу напорно.

Мислам дека на крајот затоа и двајцата решивме да направиме промена бидејќи пробавме сè и навистина не знаевме зошто не функционира.

Како резултат на тоа, Браун донесе одлука да преговара за предвремено завршување на договорот на Рикардо со тимот и го замени со поранешниот шампион во Формула 2, Оскар Пиастри за 2023 година, додека Рикардо ќе се врати во Ред Бул како трет возач.

Се надеваме дека промената на средината за него значи дека ќе си ја врати магијата затоа што сигурно е магичен човек, Но требаше да направиме промена бидејќи не можевме да сфатиме што тргна наопаку.

Тимот, исто така, ќе мора да се бори со промена на тимскиот шеф, со тоа што Андреас Сеидл се пресели во Заубер. Местото на Сеидл во тимот на Мекларен го зазеде Андреа Стела, кој претходно работеше под Сеидл како извршен директор за трки.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ