Браун: Шaфнауер изгледа смешно поради договорот на Пиастри

Главниот извршен директор на Мекларен, Зек Браун, верува дека поради недореченостите и недоследностите во договорот на Оскар Пиастри со Алпин, шефот на тимот, Отмар Шафнауер, изгледа смешно.

Алпин го потврдија австралијанецот како свој возач за следната година за само неколку часови подоцна, Оскар самиот да демантира дека има договор со екипата. Подоцна се обистинија шпекулациите дека Пиастри всушност имал валиден договор за тркање со Мекларен.

Целата сага отиде пред посебното тело на ФИА надлежно за решавање на спорови во врска со договори кои одлучија дека единствено договорот на Пиастри и Мекларен е валиден за следната година.

се беше направено со многу галама, но немаме прочитано коментар или нешто слично. беше најдобро да ги оставиме работите сами да се решат – посочи браун.

Самиот Шафнауер беше многу отворен во врска со ситуацијата и откри дека тимот бил убеден дека ќе го задржат возачот за следната година.

ако ги прочитате коментарите на отмар во пресрет на сослушувањето во бордот и колку беше убеден дека има валиден договор со оскар, сега изгледа по малку глупаво. поради тоа ние сметавме дека нема потреба да даваме јавни изјави и да зборуваме за тоа поради тоа што фактите беа на наша страна и поради тоа што имаше кој да пресече.

Американецот додаде дека тимот бил убеден дека ќе стигне до услугите на младиот австралијанец и поради тоа не сакале јавно да ја коментираат ситуацијата и работеле во позадина.

пред сослушувањето и носењето на одлуката, алпин не го знаеја тоа што не го знаеја, а ние намерно молчевме. сега откако пресудата се објави и излегоа на виделина некои детали, јасно е што се случи.

имаше многу врева, но знаевме дека вистината ќе исплива на крајот и ќе биде јассна така што нема д аима потреба да коментираме ништо.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ