Браун: Ќе ни требаат три болиди ако Алонсо сака да се врати

Главниот извршен директор на Мекларен, Зек Браун, смета дека ќе им треба трет болид на патеката доколку Фернандо Алонсо сака да се врати во тркачката серија.

Шпанецот лани ја одработе својата последна година во врвот моторспортот, а сезонава имаше неуспешен обид да нападнт на Инди 500 откако не успеа нити да се квалификува. Во меѓувреме во Вокинг има целосно нов тандем возачи составне од Саинз и Норис, возачи кои носат добри резултати.

Во овој момент Карлос е најдобар возач од останатите и се наоѓа на 7мо место, додека Мекларен е 4та екипа во поредокот, зад големата тројка.

Поради тоа, Зек верува во своите пилоти, шегувајќи се дека ќе го замоли Чејс Кери да им дозволи трет болид доколку Алонсо планриа камбек.

ако нандо сака да се врати ќе треба да го прашаме чејс кери дали може да возиме со три болиди. имаме долгогодишни договори со сегашнтие возачи и многу сме задоволни од нив. за среќа, фернандо сеуште не се јавил, а немаме нити кокпит слободен за него.

сегашнтие возачи одлично си ја работат својата работа, стигнуваат до к3 на половина од трките и ни даваат одличен фидбек. дополнително одлично се сложуваат и не треба да се грижиме дека ќе направат некаква глупост на патеката – објасни браун.

Во пресрет на Канадското Гранд При, екипата од Вокинг имаше 13 поени во однос на фабричката екипа на Рено, но по двојниот финиш во поени на “жолтите“, разликата во моментов е само два поени.

екипата работи одлично и поради тоа сме 4ти. сметам дека немаме 4ти најбрз болид, туку 6ти најсилен пакет, но благодарение на одличната стратегија и возачи ни оди толку добро.

дополнително ни помогнаа и другите тимови со своите грешки и имаме значителен напредок во однос на лани.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ