Брачес ја напушта Ф1

Американците од Либерти Медиа ги финализирале договорите за напуштањето на комерцијалниот шеф на спортот, Шон Брачес, а официјалната разделба веројатно ќе се случи следната недела.

Брачес, кој е поранешен шеф на ЕСПН беше поставен на улогата оперативен директор одговорен за комерцијалниот дел од страна на Либерти Медиа во Јануари 2016 година штом американците го превземаа раководењето со спортот и заедно со Чејс Кери и Рос Браун беа тројцата кои буквално го водеа спортот.

Работа на Брачес беше да го големи главниот извор на приходи односно плаќањето од организаторите за одржување на тркачките викенди, плаќањата од спонзорствата како и лукративнит етелевизиски права.

Кон крајот на минатата година стана јасно дека Шон, татко на четири деца, сака да минува помалку време во Лондон и патувајќи низ светот на Формула 1 трките, а повеќе време во Соединетите Американски држави со своето семејство. За време на последната трка од календарот лани, Големата награда на Абу Даби, Кери потврди дека Шон не сака да минува толку време во патување и сака повеќе да се стационира во Америка.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ